Samsung веќе почна да ги планира првите смартфони за 2021

Објавено на 18.10.2019 во Новости



Samsung веќе почна да ги планира првите смартфони за 2021

Samsung оваа година лансираше многу буџетни модели почнувајќи од Galaxy A10 до A90 5G. Моментално производителот се спрема да го повтори сето тоа за 2020 година, но протече и информација дека компанијата ја планира уште сега новата линија за 2021.

Samsung претходно аплицираше за многу модели во Европската Унија, што води кон заклучок дека компанијата планира да лансира најмалку девет Galaxy A-брендирани смартфони во 2021. Се споменуваат имињата ‘A12,’ ‘A22,’ ‘A32,’ ‘A42,’ ‘A52,’ ‘A62,’ ‘A72,’ ‘A82,’ and ‘A92’. Во меѓувреме планирана е за лансирање следната генерација на Galaxy A смартфони - Galaxy A51, Galaxy A71, и Galaxy A91, кои се очекува да бидат објавени за време на MWC 2020 во февруари-март 2020 година. 

Автор: Aleksandar Stankov