Samsung работи на проблемот со отклучувањето на Galaxy S10 и Note 10

Објавено на 19.10.2019 во Новости



Samsung работи на проблемот со отклучувањето на Galaxy S10 и Note 10

Британските медиуми почнаа да пишуваат за проблемите за отклучување на Samsung Galaxy S10 и Note 10 со отпечаток од прст. Корисниците забележиле дека уредите обезбедени за отклучување со отисоци, лесно може да се отклучат.

Проблемот е во одредени заштитни фолии за екранот на смартфоните. Ако корисниците го регистрирале својот отпечаток и потоа ја ставиле заштитната гел фолија на дисплејот, поради тенкиот слој на воздух што останува заробен меѓу екранот и фолијата, сензорот за вчитување на отпечаток не функционира правилно. Од Samsung препорачуваат на корисниците да користат исклучиво авторизирана опрема од Samsung. Производителот сепак вели дека проблемот ќе биде отстранет со софтверска закрпа наскоро.