Џек Ма има желба Alibaba да потрае најмалку 102 години

Објавено на 20.10.2019 во Новости



Џек Ма има желба Alibaba да потрае најмалку 102 години

Со голема забава, песна, гитара и по некоја солза, Џек Ма ја заврши својата кариера како лидер на компанијата што ја основа - Alibaba. Пензијата ја најави уште пред една година, за која почнал да размислува уште пред 15 години, кога еден инвеститор му кажал дека „не е квалификуван за извршен директор“.

Уште во 2009 година ја знаел точната дата кога ќе го дигне сидрото од компанијата што ја основал. Тоа е дваесет годишнината од основањето на Alibaba. Џек Ма е најпрепознатливото лице на оваа компанија, кој работел на проект за Alibaba – "преживување за најмалку 102 години“.