Иднината е електрична: Volvo го претстави XC40 Recharge

Објавено на 19.10.2019 во Новости



Иднината е електрична: Volvo го претстави XC40 Recharge

"Повеќе пати го кажавме тоа: За Volvo иднината е електрична“, нагласи Хакан Семјуелсен, извршниот директор на Volvo Cars, за време на претставувањето на првиот електричен SUV. Освен новото возило, најавено е лансирањето на брендот на електрични возила Recharge, како и плановите за намалување на емисијата на стакленички гасови, што претставува нов чекор напред во областа на електричната иднина на компанијата.

Стратегијата на Volvo е трансформацијата преку конкретна акција, кој верува дека до 2040 година, емисијата на CO2 ќе падне на нула, а до 2025 година планира да ги намали емисиите во својата фабрика за 25%. Голема улога во тоа имаат електричните возила, кои до 2025 година, 50% од возилата што ќе се продаваат ќе бидат со електричен мотор.

Првиот чекор кон тоа е XC40 Recharge, моделот за кој се уште не знаеме две важни нешта – дата на почетокот на продажба и цената, додека со дизајнот е сличен со бензинецот XC40. Доаѓа со два електрични мотора со вкупна моќност од 300kW. Батеријата од 78kWh би требао да издржи околу 400 километри, што би требало да ги задоволи повеќето потенцијални корисници, а поддржува 150kW DC брзо полнење.