Huawei P40 би можел да биде со Android 10 и Harmony OS

Објавено на 21.10.2019 во Новости



Huawei P40 би можел да биде со Android 10 и Harmony OS

Откако беше ставен на црната листа на САД, Huawei беше ограничен во соработката со Американците. За таа цел планираат да го активираат нивниот сопствен Harmony OS оперативен систем, наменет за бројни смарт уреди, а не само за смартфони.

Наскоро би можеле да дознаеме како изгледа тој оперативен систем, затоа што во првата половина од следната година, Huawei на европскиот пазар ќе ги претстави новите модели од серијата на P40 што ќе работат со два оперативни система: Android 10 и Harmony OS. Ова е дефинитивно интересна тактика со која Huawei сака да им го претстави својот оперативен систем на корисниците надвор од Кина.