Instagram: Ослободете се од профилот што го следите, но не го гледате

Објавено на 21.10.2019 во Новости



Instagram: Ослободете се од профилот што го следите, но не го гледате

Неодамна програмерката Џејн Манчунг Вонг од Хонк Конг објави на Twitter дека Instagram тестира нова опција што ќе им олесни на корисниците. Тоа е со цел да ги одберат кои профили веќе не сакаат да ги следат.

Тестирањето на опцијата се базира на тоа со кои профили корисниците на Instagram имаат најмали интеракции во последните 90 дена, но се уште ги следат. Алгоритмот ви испраќа известувања кои профили ви се омилени на таа социјална мрежа и кои најмногу сакате да ги следите.