Ајфонџии, преминете на мрачната страна, батеријата подолго ќе трае

Објавено на 21.10.2019 во Новости



Ајфонџии, преминете на мрачната страна, батеријата подолго ќе трае

Еден од трендовите во технолошката индустрија е преминувањето на мрачната страна, односно користење на dark mode од оперативниот систем и самите апликации. Се повеќе корисници го употребуваат мрачниот модул за темен екран и црна позадина, особено во текот на ноќта, затоа што се намалува напорот за вашите очи.

Постои уште една причина зошто поголем дел од корисниците сакаат мрачен режим, а тоа е батеријата. Со тоа им се помага на корисниците со OLED дисплеи, при што кога функцијата е активирана овде, црните пиксели ќе бидат целосно исклучени. Од Google неодамна демонстрираше колку може да се заштеди на Android со OLED екран и вклучен dark mode при целосна светлина на YouTube, каде било за 43% помала во споредба со моделот без активирана мрачна страна на екранот. 

Автор: Aleksandar Stankov