Apple сега го произведува iPhone XR во Индија

Објавено на 22.10.2019 во Новости



Apple сега го произведува iPhone XR во Индија

Индија е втор најголем пазар за смартфони во светот, но се уште е земја во развој, па затоа многу корисници не можат да си дозволат да купат предводнички модели. Затоа компаниите како Xiaomi нудат евтини телефони и растураат во овој регион.

Apple се фокусираше на продажба на постари модели во Индија, каде би можеле полесно да ги купуваат луѓето. Затоа на почетокот на 2019 година, Apple пушти реклами за "the Incredible Apple iPhone 6s." Телефонот од 2015 година го објавија со цена од 383 американски долари, а на рекламата имало и дека уредот сега се произведува локално во Индија. Тоа му овозможило да произведува и некои други модели таму, со оглед на тоа што цената се намалува значително: iPhone SE, iPhone 6s и iPhone 7

Летото наводно Apple почна да произведува и повисоки премиум модели во земјата. Се разбира, компанијата веќе бараше спас за да го премести производството од Кина во друга земја, па Индија би можела да биде таа локација. Во моментот, Apple го произведува iPhone XR во Индија, но само за нивниот домашен пазар,а се зборуваше и за iPhone XS и iPhone XS Max исто така. 





Прочитајте повеќе: