Внимавајте кога плаќате, Samsung откри баг во скенерот за отпечатоци

Објавено на 22.10.2019 во Новости



Внимавајте кога плаќате, Samsung откри баг во скенерот за отпечатоци

Лиза Нејлсон од Англија открила дека има багови во ултрасоничната технологија на Samsung за отпечатоци во скенерот под дисплејот. Кога сакала да нарача силиконска фолија за екранот на нејзиниот Galaxy S10, сфатила дека го отклучила телефонот со нејзиниот лев палец.

Што е проблемот тука? Таа никогаш не го снимала левиот прст во системот, туку десниот. Не само со левиот, туку таа можела да го отклучи телефонот со било кој прст. Samsung го потврдува овој проблем, за кого вели дека ќе биде отстранет со најновата софтверска надградба во текот на оваа недела.