Pixel 4 со послаба оценка за камерата од Galaxy S10

Објавено на 22.10.2019 во Новости



Pixel 4 со послаба оценка за камерата од Galaxy S10

DxOmark ги направи сите вообичаени тестови на камерата на новиот Pixel 4 за кого имаше големи очекувања, особено за телефото леќата, но доби пониска оценка од одличниот Samsung Galaxy S10.

Во тестовите на DxOmark новиот Pixel 4 добива високи оценки за сликање во затворено и на отворено, за квалитетот на ноќните слики и при слаба осветленост.

Сепак, нешто пониски резултати прикажува во снимањето на видео каде што заостанува зад врвните конкуренти како Galaxy S10 па затоа доби севкупно оценка од 112 поени.

Автор: Aleksandar Stankov