Откриен е голем безбедносен пропуст кај Google Pixel 4

Објавено на 24.10.2019 во Новости



Откриен е голем безбедносен пропуст кај Google Pixel 4

Face ID системот на Google Pixel 4 има голем пропуст за отклучување на телефонот. Софтверот го препознава лицето на сопственикот и кога е со затворени очи и ќе го отклучи телефонот без проблем. Тоа било доволна причина за загриженост на потрошувачите.

Така лесно може да го отклучи Pixel 4 некој злонамерник без знаење на сопственикот. Google потврдува дека проблемот ќе го среди во наредните месеци, со тоа што нема да може да се отклучи телефонот со затворени очи. Од денес телефонот официјално излегува во продажба.