Huawei рекордно брзо до 200 милиони испорачани смартфони

Објавено на 24.10.2019 во Новости



Huawei рекордно брзо до 200 милиони испорачани смартфони

Huawei објави дека досега, во 2019 година, испорачал 200 милиони смартфони, што е 64 дена порано во споредба со минатата година. EISA е групација што се состои од 55 најценети светски списанија за потрошувачка електроника. Таа го прогласи Huawei P30 Pro за најдобар смартфон за 2019. – 2020. година, што е втора година по ред, како Huawei ја освои оваа награда.

Huawei Mate 30 беше последно претставен со 5G чипсет - Kirin 990, четворна камера со SuperSensing Cine Camera технологија,со што моментално е на врвот на лситата од DxOMark. За футуристичкиот дизајн на Huawei Mate 30 Pro, Android Authority го нарече „оригинален, бескомпромисен предводник“. GSM Arena истакна дека уредот ја „има најдобрата камера видена на смартфон“. Huawei рекордно брзо испорача 200 милиони смартфони, а забраната од САД воопшто не и пречеше во тоа.