Twitter ги "изгаси" светлата на Android

Објавено на 24.10.2019 во Новости



Twitter ги "изгаси" светлата на Android

Twitter воведе целосно темен режим за сите Android смартфони кои имаат OLED екрани со новата функција Lights out.

Со новата функција на Twitter значително ќе се заштеди на енергија од батеријата бидејќи OLED екраните имаат посебно осветлување за црната и белата нијанса, а на корисниците им даваат и поголем прегледност на содржините.

Ова е сосема нова функција која целосно ја користи црната боја на дисплејот, наместо како кај Dim опцијата на Twitter која го затемнуваше менито но, само со темно сина или тегет боја.