Pixel 4 има проблем со херците, Google ќе го решава

Објавено на 24.10.2019 во Новости



Pixel 4 има проблем со херците, Google ќе го решава

Новиот Pixel 4 иако е фантастичен смартфон со напреден дисплеј сепак, врвниот стандард од 90Hz не го одржува постојано и херците паѓаат кога се намалува осветленоста на екранот и стигнува до 60 Hz.

Според Google изразот на херците се намалува кога ќе се гледаат видеа бидејќи повеќето се снимени со 30fps и 60 Hz, како и кога се активира режимот за заштеда на батеријата при што автоматски се намали а и осветленоста на екранот.

Затоа Google вели дека ќе следат софтверски надградби на Pixel 4 со кои стандардот од 90 Hz ќе се задржи во различни степени на осветлување.