Google изгледа го „промаши“ називот за суперкомпјутерот со „квантна надмоќ“

Објавено на 25.10.2019 во Новости



Google изгледа го „промаши“ називот за суперкомпјутерот со „квантна надмоќ“

Google објави дека реализирал „квантна надмоќ“ со својот квантен компјутер, што за неколку минути реши сложен проблем, за што на денешните најмоќни суперкомпјутери би им требале илјада години. Научниците од компанијата очекуваат дека квантните компјутери за неколку години ќе остварат напредок во областите како што се вештачката интелигенција и хемијата.

„Таа феноменална брзина, забрзување во споредба со сите познати класични алгоритми, е експеримент од квантна надмоќ“, велат научниците од списанието Nature.

Во класичните компјутери мерната единица е "bit" и може да има вредност или 1 или 0. Меѓутоа, мерната единица на квантниот компјутер е кубит - квантен бит, и може истовремено да ги има двете вредности, и 1 и 0. Таа појава отвараврата за истовремено извршување на безброј калкулации. Процесорот на Google - Sycamore, има 54 кубити, а еден од нив не функционирал правилно - работел со 53 кубити.

Научниците велат дека според ова, не е точна дефиницијата на Google, дека е постигната „квантна надмоќ“. Зошто? Затоа што целта не е постигната, а квантниот компјутер никогаш нема „надмоќно“ да надвладее над класичните компјутери, туку ќе функционира усогласено со нив.