Конечно стигна моментот да се потпише „крај“ за готовинско плаќање

Објавено на 25.10.2019 во Новости



Конечно стигна моментот да се потпише „крај“ за готовинско плаќање

Не само што кешот веќе не е крал, туку тој е „мртов“. Така сметаат во PayPal. Извршниот финансиски директор на PayPal, Џон Рејни, вели дека прекинувањето на користењето на кеш пари, се зборува веќе со години, а моментот веќе дојде. 

Во последно време се појавија голем број на компании и сервиси, особено мобилни сервиси, кои го променија начинот на кој плаќаме и во голема мера, речиси целосно ги заменија хартиените пари. Прва причина за транзицијата во општество без готовина е дигитализацијата на плаќањето, а втората е пораст на корисниците со мобилни уреди. Кога тие две нешта ќе се спојат, тогаш настануваат компаниите како PayPal.