PrinCube е иновативен, евтин, компактен и мобилен печатар

Објавено на 25.10.2019 во Новости



PrinCube е иновативен, евтин, компактен и мобилен печатар

Ентузијасти се собрале и преку Indiegogo платформата за собирање пари за проекти, собрале 2 милиони долара за креирање на минијатурниот мобилен печатар PrinCube. Уредот е за печатење во боја, кој функционира преку смартфон и Wi-Fi конекција. 

PrinCube е толку мал што може да го држите во едната дланка. Не само што е компактен, туку може да печати на писма, на картон, ткаенина, кожа, пластика, гума, дрво и метал. Неверојатно, зар не? Има капацитет за печатење на 415 страници со еден кертриџ, со максимално функционирање до 6 часа на една батерија, односно со едно полнење. Продуктот е се уште во фаза на развој, кој ќе добие неверојатно ниска цена од 200 долари. Ако сакате уште сега да го нарачате во претпродажба е 109 долари.

Автор: Aleksandar Stankov


Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
 


{}