Конгресот со рафал против Марк Цукерберг, шефот на Facebook

Објавено на 25.10.2019 во Новости



Конгресот со рафал против Марк Цукерберг, шефот на Facebook

Александрија Окасио Кортес е од Демократската партија во Конгресот. Таа не го штедеше младиот милијардер со прашањата, особено за Libra и влијанието врз политичката кампања за време на последните претседателски избори во САД. 

„За да донесеме одлука за Libra, мислам дека прво треба да се вратиме на вашето минато однесување со Facebook. Кога прв пат слушнавте за операцијата „Cambridge Analytica“?“, отворено го праша Кортес на Цукерберг.

Шефот на Facebook не одговори конкретно на прашањето. 

„Не сум сигурен точно кога, кога тоа излезе во јавноста, во март 2018 година, можеби грешам“, изјави Марк.

Марк Цукерберг повторно се соочува со прашања на кои мора да одговара, затоа што ја поседува и ја води најголемата социјална мрежа во светот - Facebook. Како што има голема заработка, така има и голема одговорност пред корисниците, односно како ги заштитува корисниците со неговиот начин на рекламирање на компаниите.