ARM ја возобнови соработката со Huawei

Објавено на 26.10.2019 во Новости



ARM ја возобнови соработката со Huawei

ARM соопшти дека ќе ја возобнови соработката со Huawei за најновите технологии за процесори v8 и v9 кои според производителот се британска, а не американска интелектуална сопственост.

ARM иако е компанија основана во Велика Британија се реши да се придружи на американската забрана за тргување со Huawei по санкциите на претседателот бТрамп. 

Тогаш новиот изговор беше дека во процесорите има американска технологија и така ќе му направи поголеми проблеми на Huawei.

Сега Huawei може целосно да продолжи со производство на чипсетите Kirin во кои има ARM архитектура произведена со помош на TSMC.