Facebook го лансира сервисот News во ера на недоверба

Објавено на 26.10.2019 во Новости



Facebook го лансира сервисот News во ера на недоверба

Марк Цукерберг под огромен притисок на Конгресот го лансира сервисот News за почеток за корисниците во САД кој треба да донесе повеќе вести со висок квалитет до читателите.

Facebook тврди дека преку News ќе овозможи корисниците да дојдат до содржините кои се од нивен интерес, а ќе се прикажуваат и најголемите национални вести. 

Facebook засега нема одговор како ова ќе допринесе во спречување на ширењето на лажни вести, ниту пак како ќе обезбеди плурализам на мислење ако читателите се изложени само на еден извор на информации со кого политички се сложуваат.