Huawei nova 6 5G ќе има двојна селфи камера

Објавено на 27.10.2019 во Новости



Huawei nova 6 5G ќе има двојна селфи камера

Шестата генерација на Nova смартфоните ќе биде прва на Huawei која во средната висока класа ќе донесе 5G конекција за корисниците со помал буџет за купување на нов мобилен уред.

Најнов детаљ за Huawei nova 6 5G е дека исто така ќе има уште еден квалитетен адут, а тоа ќе биде двојната селфи камера на предната страна. Повеќе информации за техничките спецификации на Huawei nova 6 5G засега не се познати.