Microsoft тврди дека Surface Duo ќе има топ камера

Објавено на 27.10.2019 во Новости



Microsoft тврди дека Surface Duo ќе има топ камера

Microsoft на првата презентација на концептот за новиот смартфон на преклоп Surface Duo не откри многу детали за спецификациите, туку само ги даде првичните насоки како ќе функционира механизмот.

Единствено што Microsoft сподели е дека Surface Duo ќе има камери со врвен квалитет, како на предната така и на задната страна.

Засега Microsoft Surface Duo добива помешани оценки, за едни концептот е одличен, за други пак дизајнот не е привлечен бидејќи двата споени екрани не се модерни со целосна искористеност на предната површина.