Дали Facebook намерно ги сокрил негативните коментари за Цукерберг?!

Објавено на 28.10.2019 во Новости



Дали Facebook намерно ги сокрил негативните коментари за Цукерберг?!

Претседателските избори во САД се во блиска иднина, па така се поставуваат прашањата дали и овие избори ќе бидат со местенки преку социјалните мрежи. Facebook повторно ќе има важна улога во предизборната кампања, со оглед на тоа што има 2 милијарди корисници од цел свет. 

За говорот на Марк Цукерберг против цензурата имаше многу негативни коментари, но ги нема никаде на социјалната мрежа Facebook. Критикувањето беше дека Цукерберг не научил ништо од минатото и грешките што се случуваа на претходните избори. Поточно, сите што го следеа во живо на Facebook, забележаа дека повеќето коментари за неговиот говор се позитивни. Лајкови, срценца и слични коментари постојано се нижеле под преносот во живо.