iPhone 11 Pro со камерата против професионален апарат

Објавено на 28.10.2019 во Новости



iPhone 11 Pro со камерата против професионален апарат

Мобилните фотографии последниве години се толку усовршени, што iPhone неодамна снимаше и спот за ултра популарната пејачка Селена Гомез. Фотографиите со малите сензори од телефоните на Apple, Samsung, Google, Huawei и други производители, се навистина фантастични. 

Хардверот е заслужен во голема мера за таа намена, но тајната е во софтверот и напредните техники на процесирање, кои ги подобруваат фотографиите. Познатиот YouTube-р Мати Хапоја сликовите ни демонстрира колку се разликува камерата на iPhone 11 Pro од професионалниот фотоапарат Canon DSLR, чија цена заедно со објективот, чини 7500 долари. Погледнете го видеото и проценете сами.