iPhone SE 2 доаѓа во март со добра цена
Објавено на 28.10.2019 во Новости
Apple најверојатно во март 2020 година ќе го лансира новиот мал смартфон iPhone SE 2 кој во споредба со модерните уреди ќе има 4,7 инчен екран и ќе се базира во дизајнот на iPhone 8.
iPhone SE 2 според прогнозите на аналитичарите ќе се продава по цена од 399 долари и со тоа ќе биде најевтиниот модел во понудата на Apple.
Главен адут на iPhone SE 2 ќе биде најновиот процесор A13, како и 64 GB основна вградена меморија.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.