84 милиони евра потрошени од Македонците за онлајн купување

Објавено на 30.10.2019 во Новости



84 милиони евра потрошени од Македонците за онлајн купување

Онлајн трговијата во Македонија има раст од 26%, а овој податок важи за првата половина на 2019 година, спореден со лани. Пресметано е дека Македонците потрошиле 84 милиони евра во рок од 6 месеци, за купување преку интернет.

23% раст има и во бројот за онлајн трансакции. Има 600.000 интернет трансакции повеќе, во споредба со истиот период од лани, а зголемен е и процентот на нарачки кон домашни интернет продавници на сметка на нарачките надвор од Македонија. Цифрите официјално се објавени за време на Втората годишна конференција за е -трговија, „Бизнис раст со е-трговија“, одржана минатата недела во Скопје.