Facebook ја прифаќа казната за Cambridge Analytica, но не признава вина

Објавено на 31.10.2019 во Новости



Facebook ја прифаќа казната за Cambridge Analytica, но не признава вина

Казната што ќе ја плати Facebook поради прекршување на законот за заштита на податоци е мала во споредба со пазарната вредност на Facebook од 540 милијарди долари, но е максимална казна што може да се донесе од Канцеларијата на Комесарот за информации (ICO). Facebook ќе плати казна од 500.000 фунти.

ICO ја утврди казната од минатата година, истакнувајќи дека во податоците имало најмалку милион британски корисници, кои Cambridge Analytica ги собрал и ги користел во политички цели. Facebook се откажал од жалбите и прифатил да плати казна, но не ја признава одговорноста, ICO.