Google ќе му конкурира на Apple со Pixel смартчасовник

Објавено на 02.11.2019 во Новости



Google ќе му конкурира на Apple со Pixel смартчасовник

Google ја купи компанијата Fitbit за смартчасовници, каде Apple е науспешен во последните години. Apple Watch достигнува највисока продажба на пазарот, но Google сака да го промени тоа. Fitbit досега е прилично успешен, затоа што има продадено нас 100 милиони уреди досега. 

Аквизицијата е тешка 2,1 милијарда долари, додека постариот потпретседател на Google, Рик Остерлоу, коментира дека досега направиле голем напредок со партнерите во областа на Wear OS и Google Fit. Новата инвестиција за него е „шанса за дополнително инвестирање во Wear OS, како и претставување на нови носечки уреди `Made by Google` на пазарот“. Во овој момент Google нема конкретни планови.