WhatsApp со поддршка за сензор за отпечатоци и за Android
Објавено на 03.11.2019 во Новости
Android корисниците веќе имаат допонителна мерка на безбедност за WhatsApp пораките. Апликацијата сега поддржува отклучување со отпечаток. На почетокот на 2019 година, iPhone корисниците први добија можност за влегување во апликацијата преку Touch ID и Face ID технологијата.
WhatsApp сега има поддршка и за Android апликацијата, во која веќе може да се влегува и преку отпечатокот од прсти. Доколку сакате да ги промените поставките и да ја овозможите новата функција, одете на Settings > Account > Privacy > Fingerprint lock. Активирајте ја опцијата Unlock with fingerprint, и потврдете го вашиот отпечаток.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.