Откриена батеријата на Samsung Galaxy S10 Lite

Објавено на 04.11.2019 во Новости



Откриена батеријата на Samsung Galaxy S10 Lite

Samsung Mobile се очекува да направи интересна понуда во пресрет на празничната шопинг сезона со нова верзија на премиум моделот Samsung Galaxy S10 кој ќе биде Lite и со нешто пониска цена од вообичано, но истовремено задржувајќи многу од врвните перформанси.

Сега се открива дека Samsung Galaxy S10 кој ќе биде Lite ќе има батерија со капацитет од 4,370 mAh, која е и повеќе од очекуваното, па така овој уред ќе има доволно енергија за активна работа во текот на целиот ден со сите напредни функции. 

Samsung Galaxy S10 Lite ќе има поедноставен 6,7 инчен Full HD Plus дисплеј, со супер моќен осум-јадрен Snapdragon 855 процесор, 8 GB RAM и Android 10 оперативен систем.