Има надеж за Huawei да добие Android: САД најавува можност за потпишување договор со Кина

Објавено на 05.11.2019 во Новости



Има надеж за Huawei да добие Android: САД најавува можност за потпишување договор со Кина

Продолжува сапуницата од трговската војна меѓу САД и Кина, а последните најави на американското министерство за трговија, говорат дека наскоро би можеле да очекуваме позитивен исход за Huawei, но и милиони љубители и корисници од уредот на таа компанија. 

Во разговор со Bloomberg, Вилбур Рос изразил оптимизам околу потпишувањето на првата фаза на трговскиот договор меѓу САД и Кина, што би можело да се случи уште овој месец. Нема никаква гаранција дека компаниите што бараат лиценца за соработка, ќе добијат одобрување за соработка. Меѓутоа овие најави даваат оптимизам дека во иднина Huawei навистина би можел да соработува со Google за да користи Android на своите смартфони.