5G мрежите ќе бидат ефикасни и за поединците и за компаниите

Објавено на 06.11.2019 во Новости



5G мрежите ќе бидат ефикасни и за поединците и за компаниите

5G ерата ќе донесе огромни промени со зголемување на брзината на интернет, а сите што работат од дома и правните лица дефинитивно ќе ја завршуваат работата побрзо. Не само што интернетот ќе биде побрз, туку ќе биде и постабилен. 

Кога само би можел некој да пресмета колку време губиме со нестабилноста на мрежата и бавењето на времето. Мобилните мрежи од петтата генерација ќе извршат коренити промени, бидејќи имаат многу повисоки стапки на податоци и помала латентност.