Xiaomi има нов смартфон со 5 задни камери, главен сензор од 108MP

Објавено на 06.11.2019 во Новости



Xiaomi има нов смартфон со 5 задни камери, главен сензор од 108MP

Новиот модел на смартфон на Xiaomi има дури пет задни камери - Mi CC9 Pro. Станува збор за модел со 6,47-инчен AMOLED дисплеј и заоблени рабови, Full HD+ резолуција и мал засек од предната страна, со селфи камера од 32MP. 

Во дисплејот е вграден сензор за отпечатоци на прсти, има Qualcomm Snapdragon 730G чипсет, батерија со капацитет од 5260mAh и 30W брзо полнење, што значи дека за половина час може да се наполни до 58%. За полни 100% се потребни 1 час и 5 минути. Главниот сензор од задната камера има 108MP, ултраширока камера од 20MP, сензор за снимање на макрофотографии и два телефотосензори со резолуција од 12 и 8MP со двоен и пет пати оптички зум. Камерата од 12MP првенствено е наменета за снимање на портретни фотографии.

На DXoMark страницата може да се види дека Mi CC9 Pro добил одлична оценка за камерата - 121 поени и го зема првото место со Huawei Mate 30 Pro.Цената на основата верзија со 6GB меморија и 128GB внатрешна меморија изнесува 400 долари, додека со 8GB ќе биде 440 долари. За Premium Edition (8GB + 256GB) би требало да биде 500 долари. 

Автор: Aleksandar Stankov


Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
 


{}