Huawei и Turk Telecom со светски рекорд во 5G брзината

Објавено на 07.11.2019 во Новости



Huawei и Turk Telecom со светски рекорд во 5G брзината

Huawei уште еднаш ја докажа својата спремност и стручност, го урна светскиот рекорд во 5G мрежите при користење на еден мобилен. Тестирањето на компанијата во склад со 3GPP (3rd Generation Partnership Project, организација за стандарди што развива протоколи за мобилна телефонија), постигната е брзина од 2.92Gbps, а користени се Huawei Mate X уредот и 5G SIM картичка од Turk Telecom.

Шефот за технолошки развој во Turk Telecom, Јусуф Кирак, објаснува дека при тестирањето се користени два 5G преносници, и дека Turk Telecom е првиот оператор што експериментирал со 5G New Radio Carrier Aggregation Technology, која ја дуплира брзината на 5G. Од Huawei нагласуваат дека постигнатите брзини биле невозможни поради нивната технологија C-Band Carrier Aggregation, која ги поврзува брановите од повеќе спектари, со цел да се подобри брзината на врската и капацитетот.