Xiaomi официјално со новиот Redmi Note 8T

Објавено на 07.11.2019 во Новости



Xiaomi официјално со новиот Redmi Note 8T

Xiaomi официјално ја лансираше новата верзија на смартфонот Redmi Note 8T чија главна цел беше да донесе NFC конекција во оваа категорија бидејќи првиот и основен модел немаше ваков додаток.

Xiaomi Redmi Note 8T ќе може да се користи за мобилни плаќање, безконтактни трансакции и поефикасно поврзување. 

Во самото пакување на Xiaomi Redmi Note 8T е вклучен супер брз полнач од 18W, а уредот работи со осум-јадрен Snapdragon 665 процесор, има батерија до капацитет од 4000 mAh, доаѓа со 6,3 инчен Full HD дисплеј и со основна  меморија од 64 GB и 4 GB RAM ќе се продава за цена од околу 200 долари.