Откриена е батеријата на Samsung Galaxy S11e

Објавено на 08.11.2019 во Новости



Откриена е батеријата на Samsung Galaxy S11e

Samsung Mobile и следната година ќе ја задржи истата шема на лансирање на повеќе модели во премиум серијата на смартфони Samsung Galaxy S11 вклучувајќи и еден помал и нешто поевтин модел кој веќе делумно е познато со што ќе располага.

Според најновите информации Samsung Galaxy S11e ќе има батерија со капацитет од 3800 mAh што е значително подобрување од актуелниот модел Samsung Galaxy S10 за околу 20% повеќе капацитет. 

Samsung Galaxy S11e ќе има поквалитетен дисплеј со 90Hz како и 5G мобилна конекција па така за топ перформанси потребна е и поголема батерија.

Автор: Aleksandar Stankov