„Кога некој ќе ви понуди милијарда долари за компанија со 11 вработени, што ќе направите?“

Објавено на 08.11.2019 во Новости



„Кога некој ќе ви понуди милијарда долари за компанија со 11 вработени, што ќе направите?“

Какво мислење и да имаме за Марк Цукерберг, факт е дека тој знаеше како да го монетизира бизнисот на Instagram. Кевин Систром и Марк Кригер ја покренаа социјалната мрежа, која тогаш беше достапна само за iOS корисници, но кога дојде под палката на шефот на Facebook, стана достапна и за сите Android корисници.

Кога сега го прашаа Кевин Систром дали повторно би ја дал компанијата на Цукерберг, тој одговорил: „Кога некој ќе ви понуди милијарда долари за компанија со 11 луѓе, што би направиле?“. Значи, и покрај несогласувањата околу насоките за работата и напуштањето на Instagram, Систром повторно би го направил истото, односно неповторливата шанса да заработи пари за којшто никогаш и не сонувал.