Xiaomi спремен за европскиот пазар со Mi TV 4S
Објавено на 09.11.2019 во Новости
Кинескиот бренд стартуваше со Mi TV 4S линијата во Европа - Mi TV 4S 55 и Mi TV 4S 43. Ќе има и поевтин модел, нормално, 32 инчен - Mi TV 4S 32.
55 и 43 моделите се со 4К HDR дисплеи и MEMC технологија за флуидниост во сликата, 4 јадрен Mediatek 6886 процесор, 2GB RAM и 8GB ROM меморија. Тука го има и најновиот Android 9 Pie софтвер, а нормлано имаат и Wi Fi.
32 инчениот модел има помала резолуција, се разбира и послаб процесор. Mi TV 4S 55'' ќе чини 450 евра, Mi TV 4S 43'' ќе биде 350 evra, a Mi TV 4S 32'' е биде 180 евра. Испораката на телевизорите почнува на 2 декември, а претходно може да извршите преднарачка, која се отвара на 25 ноември.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.