Apple Arcade стигна до бројка од 100 игри

Објавено на 09.11.2019 во Новости



Apple Arcade стигна до бројка од 100 игри

Стриминг платформата за видео игри Apple Arcade за кратко време успеа да стигне до вкупно 100 игри на располагање на гејмерите на сите iOs уреди.

Корисниците на Apple Arcade плаќаат по 4,99 долари месечна претплата и имаат неограничен пристап до сите премиум игри и содржини, па така со постојаното зголемување на нови видео игри месечната претплата повеќе ќе се исплати.