Тешко на инфлуенсерите - Instagram ќе ги крие лајковите
Објавено на 10.11.2019 во Новости
Instagram продолжува со тестовите за криење на бројот на лајкови на објавените постови во повеќе земји на светот, откри Адам Мосери главниот извршен директор на Instagram.
Оваа политика на криење на бројот на лајкови најмногу ќе се одрази на инфлуенсерите кои ќе имаат намалени приходи од спонзорите со оглед на тоа што што фановите нема да знаат кој пост има поголема популарност.
Бројот на лајкови ќе остане видлив само за тој што ја објавил содржината. Идејата на Instagram е корисниците да се фокусираат на самата содржина, наместо на популарноста.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.