Huawei објави список со технологија што ќе се промени со 5G

Објавено на 11.11.2019 во Новости



Huawei објави список со технологија што ќе се промени со 5G

На Global Mobile Broadband, кој се одржа во Цирих, Huawei Wireless X Labs објави документ со осум клучни технологии, за кои се предвидува дека нивната примена ќе има значајно влијание врз пазарот, кога 5G глобално ќе заживее. Годинава ќе остане запамтена по глобалната афирмација и прифаќање на 5G комерцијалните услуги. 

Во документот на Huawei се наведени примерите на новата технологија и производите што ќе ја одбележат годината пред нас:

- проверка на квалитетот на производите (Cloud Vision и Cloud Test за смарт фабрики)

- инженерски машини (Cloud Teleoperation за смарт рудници и аеродроми)

- cloud видео за безбеден премин на патишта и мостови

- координирана контрола за смарт магацини

- играње видео игри во облак

- VR искуство во облак

- непрекината репродукција на 4K и 8K видеа во мрежа

- пренос во живо на облак

"Huawei во соработка со партнерите и телеоператорите истражи голем број на иновативни 5G технологии за повеќе индустрии. Тие технологии отсега се ставени во комерцијална употреба. Huawei беше и ќе остане посветен на овозможувањето на квалитетни 5G врски и афирмации во дигиталната модернизација на индустријата. Се радуваме и во идна соработка со сите фабрики што ќе градиме заедно посветла иднина“, изјави Ричи Пенг на форумот, директор на Huawei Wireless Network.