Откриени големините на Samsung Galaxy S11

Објавено на 11.11.2019 во Новости



Откриени големините на Samsung Galaxy S11

Познатиот ликстер Еван Блас од неговите извори открива дека новата генерација на Samsung Galaxy S11 ќе има три смартфони и соодветно на тоа три големини на екранот.

Најевтиниот модел Samsung Galaxy S11е ќе има 6,4 инчен Infinity дисплеј, Samsung Galaxy S11 ќе располага со 6,7 инчен Quad HD дисплеј, додека пак Plus моделот ќе има најголем екран од 6,9 инчи со највисока резолуција. 

Сите модели ќе имаат 5G верзија, а пласманот се очекува на почетокот на март следната година.