Бил Гејтс ја призна најголемата грешка со Android
Објавено на 11.11.2019 во Новости
Бил Гејтс, основачот на Microsoft ја призна најголемата грешка која ја направил како директор на технолошкиот гигант. Пред десет години Microsoft имал шанса да обезбеди софтвер за првиот смартфон на Motorola.
Сепак, Microsoft под водство на Гејтс не успеале да направат договор за користење на Windows Mobile системот.
Наместо нив договорот го доби Android кој потоа и со уредите на HTC и преземањето од Google направи вистински бум.
Прашање е дали еден договор ќе ја спречеше иднината на Android како наједноставен и најпопуларен оперативен систем за смартфони, но во секој случај денес Microsoft целосно се откажа од сопствен мобилен OS и за Surface уредите се потпира на Android.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.