Google среди уште една грешка на камерата на Pixel 4

Објавено на 11.11.2019 во Новости



Google среди уште една грешка на камерата на Pixel 4

Google лансираше нова софтверска надградба со која "среди" уште една грешка на камерата на новиот супер смартфон Pixel 4 кој токму во овој сегмент ветуваше многу со хардверот и софтверот.

Со надградбата е надминат проблемот со автоматскиот баланс на бело кој драстично ги осветлуваше силните бои како црвената. 

Камерата на Pixel 4 работи со помош на вештачка интелигенција па така секоја корекција зависи од базата на податоци за претходни искуства со детектирање на баланс на бело на сцената, па затоа некогаш се вадеа и лоши резултати.