Студентите од MIT ги претставија своите „мини гепарди“

Објавено на 12.11.2019 во Новости



Студентите од MIT ги претставија своите „мини гепарди“

Студентите од MIT, отсекот за биометриска роботика, ги извадиле своите „мини гепарди“ на прошетка во дворот на факултетскиот кампус и покажале што можат да изведат нивните метални миленичиња. Резултатот од нивните вежби не само што е фрапантен, туку е воедно и импресивен показател за моменталната состојба на развој во роботиката.

Студентите со вкупно девет роботи изведувале низа координирани акции, од координирани движења, преку групно салто, па се до играње на фудбал.