Apple во проблеми поради „сексистички“ алгоритам

Објавено на 12.11.2019 во Новости



Apple во проблеми поради „сексистички“ алгоритам

Софтверскиот инженер Дејвид Хајнмејер Хенсон ја критикува кредитната картичка на Appleo дека системот му одобрил 20 пати поголем кредит, отколку на неговата сопруга, иако двајцата поднесуваат заедничка пријава на данок. Не е возможно таа да има полош кредитен статус од него. 

„AppleCard е е***o сексистичка програма. Сопругата и јас заедно пријавивме поврат на данок и веќе долго живееме заедно, но black box алгоритмот на Appple, смета дека ја сзаслужувам 20 пати поголем лимит од неа“, напишал тој на Twitter.

Веднаш му сеј авиле од корисничката служба на Apple и го подигнале дозволениот кредитен лимит на неговата сопруга, но истовремено му кажале дека не може да направат ништо околу начинот на кој го споменале како алгоритмот функционира. Други корисници на Apple се пожалиле на истото нешто, меѓу кои се наоѓа и ко-основачот на Apple - Стивен Вознијак. Очигледно алгоритмот има недостаток.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: