Huawei ќе дели големи бонус по санкциите

Објавено на 13.11.2019 во Новости



Huawei ќе дели големи бонус по санкциите

Huawei донесе одлука да подели бонуси во вредност од речиси 300 милиони долари на своите вработени ширум светот поради макотрпната работа со проблемите кои ги предизвикаа санкциите од претседателот Трамп.

Секој вработен кој има остварено добар перформанс и не бил санкциониран ќе добие бонус во вредност од основната плата.

На тој начин Huawei ќе се оддолжи за големата пожртвуваност компанијата да биде одржана на високо ниво кога имаше проблеми со добавувачите и вообичаените партнери.

Автор: Aleksandar Stankov