Samsung го подготвува најевтиниот Galaxy A01

Објавено на 14.11.2019 во Новости



Samsung го подготвува најевтиниот Galaxy A01

Samsung Mobile го подготвува најевтиниот смартфон од Galaxy A серијата со реден број 01 кој веќе доби сертификат од регуларната агенција FCC од САД, што значи дека неговиот пласман е се поблиску.

Samsung Galaxy A01 ќе има 5,7 инчен дисплеј со резолуција од 720p Plus, ќе работи со осум-јадрен процесор, 2 GB RAM, батерија до капацитет од 3000 mAh, како и двојна главна камера на задната страна.