Класиката Motorola Razr повторно лансирана со двоен екран

Објавено на 14.11.2019 во Новости



Класиката Motorola Razr повторно лансирана со двоен екран

Motorola по десетина години повторно го враќа класичниот модел Razr кој некогаш беше еден од најпрепознатливите телефони на преклоп. Сега доаѓа со сличен механизам но, наместо екран со алфанумеричка тастатура.

Внатрешноста на Motorola Razr е составена од два дела на главниот pOLED флексибилен дисплеј со резолуција од 2142 x 876 пиксели и размер од 21:9 за CinemaVision стандардот. 

Однадвор исто така има помошен екран со големина од 2 инчи и без да го отворите телефонот може да воспоставите повици и да примате пораки или нотификации.

Motorola Razr има одличен дизајн и препознатлив изглед во многу модерно тело, со нешто поскромни осум јадрен Snapdragon 710 процесор. Ќе се продава за цена од околу 1500 долари.