Apple во 2022 година со технологија што ќе ги замени смартфоните

Објавено на 14.11.2019 во Новости



Apple во 2022 година со технологија што ќе ги замени смартфоните

Apple се спрема за „следната голема работа“ во технологијата што во иднина би требало да ги замени смартфоните. Плановите за очила со поддршка за проширена реалност се зборуваат веќе некое време и Apple би требало да ги претстави следните години, според некои поранешни планови.

Според новите извештаи, за новиот уред на Apple ќе треба да почекаме уште некоја година. Американските медиуми ги пренесоа зборовите на шефот на Apple AR и VR одделот, Мајк Роквел, кој во текот на презентацијата во компанијата кажал дека не сака да се брза со новата технологија за пазарот, оти сакаат прво да ја усовршат. Првиот модел би требало да биде претставен во 2022 година, а вториот ќе биде во 2023 година. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: